Хозе навести дека Јунајтед бил просечен тим пред него

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека е задоволен од постигнатото од неговите играчи и додаде дека клубот не бил подготвен да постигнува успеси кога бил назначен во 2016 година.

Португалецот го замени Луис ван Гал и досега го освои Лига Купот, Лига Европа и трофејот од Комјунити Шилд во првата сезона на чело, а во оваа го рангира тимот за финалето за ФА Купот на Англија.

„Знаев во каков клуб доаѓам. Знаев и што значи да одиш во клуб кој е подготвен да освојува трофеи, и да внесеш само последни корекции. Случајот на Јунајтед сепак беше сосема друг. Сопствениците го знаеја тоа. Директорот исто така. Значи прашањето беше дали сум подготвен да преземам таков клуб во фаза од кариерата, во која бев. Мојот одговор беше „да“, бидејќи сакам да се зафаќам со нови работи. Знаев дека кога ќе дојдам, нема да имам моментален успех. Но, и покрај тоа веќе освоивме три трофеи, игравме три финалиња, сега сме во четврто, па тоа не е лошо како достигнување“, изјави Мурињо.

Манчестер Јунајтед е на пат да заврши на второто место во Премиер лигата во оваа сезона – најдоброто претставување на тимот, откако Сер Алекс Фергусон си замина во 2013 година.

Слични содржини