Храна која не треба да му ја давате на вашето куче

од Vladimir Zorba
286 прегледи

Сè што е вкусно за луѓето, не треба да го консумираат нивните миленичиња со четири нозе. Некои намирници и пијалоци се токсични, а во најлош случај може да бидат фатални за кучињата. Затоа е важно да бидете добро информирани, па подолу ви донесуваме список на забранета храна за кучиња.

Грозјето и сувото грозје содржат оксална киселина која кај кучињата може да предизвика акутна бубрежна слабост и може да биде опасна по живот.

Кучињата не треба да добиваат ниту кафе затоа што неговата состојка метилксантин влијае на нивниот нервен систем, а во некои случаи може да резултира со смрт. Симптомите вклучуваат напади, треперења, немир, хипертермија, дијареја, повраќање и срцева аритмија.

Какаото и чоколадото се проблематични поради тоброминот, горчлив алкалоид од какаото. За кученца и помали кучиња, дури и мали количини можат да бидат фатални.

Сировиот грав содржи фитохемаглутинин што може да предизвика згрутчување на црвените крвни зрнца. Последиците се оток на црниот дроб, треска и грчеви во стомакот, пишува ДПА. Варениот грав не е штетен за кучињата.

Сулфурната киселина од црвениот кромид ги уништува црвените крвни клетки на кучиња. Кромидот е отровен за кучињата во количина од пет до десет грама на килограм телесна тежина. Најчесто резултира со дијареја, појава на крв во урината, повраќање и отежнато дишење.

Коските од живина се остри и лесно кршливи, што може да доведе до сериозни повреди на усната шуплина, грлото и стомакот кај кучињата, а авокадото содржи хемиско соединение персин што предизвикува дијареја и повраќање и може да биде многу опасно за кучињата.

А ксилитолот, заменски шеќер кој се наоѓа во некои производи, може да биде фатален за кучињата затоа што предизвикува зголемена секреција на инсулин 10-30 минути по консумирањето, а тоа доведува до хипогликемија

Слични содржини