Во денешно време медицината познава бројни алергии – кон прашина, храна, пијалаци, животни и други супстанции од животната средина, со кои имаме допир.
Обично настанот на алергија е минлив чин и поминува брзо. Непријатните симптоми можат да се лекуваат преку различни методи, но има и храна која влијае на општата состојба на организмот и би можела да олесни некои симптоми. foodpanda, избра дел од нив.
Кромид, пиперки, магдонос. Сите тие содржат кверцетин кој е природнa растителнa хемикалија и ги намалува хистамините, кои се дел од алергиски реакции.
Киви – дел од плодовите, со богата содржина на витамин Ц. А, целите цитруси и овошјето со многу витамин Ц го ограничуваат хистаминот.
Ананас – Содржи ензим наречен бромелин кој ја намалува иритацијата и алергиски реакции.
Туна, лосос, скуша и сè што содржи Омега-3. Студија во Јапонија покажа дека жените кои јадат повеќе риба имаат послаби манифестации на поленска треска, позната како алергиски ринитис.
Кефир – Содржи пробиотици. Тие се добри за целокупниот организам и бактериите кои живеат во цревата.
Киселата зелка и кимчите исто така добри извори на пробиотик.
Мед – Мала количина мед може да помогне за совладување на некои алергии.