Храната сè поскапа – Инфлацијата во мај удри по џебот на граѓаните

од desk4
37 прегледи

Според податоците на Државниот завод за статистика, трошоците на животот во мај 2025 година се зголемени за 1,5% во однос на април. Ова зголемување е главно предизвикано од поскапувањето на храната и безалкохолните пијалаци, кои бележат раст од 4,1%. Освен храната, зголемување на цени е забележано и кај разновидните стоки и услуги (1,5%), алкохолните пијалаци, тутунот и наркотици (0,8%), облеката и обувките (0,5%), како и кај рекреацијата, културата, мебелот и одржувањето на домаќинството. Помали поскапувања има и кај категориите домување, здравство и енергенси.

Од друга страна, граѓаните почувствувале олеснување кај транспортот, каде што цените паднале за 3,6%, а благо намалување е забележано и кај угостителските услуги (ресторани и хотели) и комуникациите. Во однос на истиот месец минатата година, мај 2025 бележи инфлација од 3,3%, што значи дека цените во просек се зголемени за толку во текот на една година. Индексот на цените на мало, пак, покажува раст од 1,6% на годишно ниво, додека месечното зголемување во однос на април е минимално – 0,2%. Иако некои производи и услуги поевтинија, општата слика покажува дека животот продолжува да поскапува, особено кога станува збор за основни трошоци како храната.