Христијан Стојанов: Младото момче што влезе во „Пулс“ за да спасува луѓе – Не размислував дали спасувам некој што го познавам или не

од Даниел Ѓорѓиевски
1,9K прегледи

Осумнаесетгодишниот Христијан Стојанов од Штип е новиот херој кој се истакна во трагичниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани. Без да размислува за својата безбедност, тој влегол во пламените јазици за да спаси луѓе.

Христијан, ученик во средното текстилно училиште во Штип, раскажа за своето искуство за штипската телевизија „Тв Стар“. Тој откри како во текот на ноќта на 16 март, кога трагедијата се случила, не размислувал за сопствениот живот, туку веднаш се сетил на својот братучед кој бил внатре во дискотеката.

„Кога го видовме пожарот, веднаш се погледнавме со мојот близок другар Давид Симонов и знаевме дека мораме да влеземе внатре. Немав време да размислувам, ја натопив маицата и ја ставив на устата, па влеговме во оган“, раскажа Христијан. Тој заедно со својот другар се обидувал да извади што повеќе луѓе од дискотеката. Некои луѓе не можеле да излезат поради густите облаци чад, па им помагале да излезат или ги носеле надвор, каде што им давале прва помош.

„Дури и оние кои беа онесвестени ги изнесувавме на улица, каде што имаше луѓе кои не се осмелуваа да влезат, но ги преземаа повредените за да им помогнат“, додава тој.

Стојанов истакнува дека без помошта на обезбедувањето, бројот на жртвите ќе бил многу поголем. Обезбедувањето ги упатувало да ги извлекуваат луѓето и да ги носат пред дискотеката.

Негови блиски другари кои биле при свест, за жал, не успеале да издржат и починале. После трагедијата, Христијан со месеци не можел да се ослободи од сеќавањата и сликите што ги видел. Десет дена поминал во болница, каде што добивал кислородна поддршка и терапија. За време на лекувањето, тој имал и психологска поддршка.

„Гордеам се што успеав да помогнам и да спасам некои луѓе, но тоа беше само човечка реакција. Ништо не очекувам за тоа, бидејќи во прашање беа животи“, заврши Христијан.

Овој млади човек не се двоумел да се жртвува за спасување на другите, покажувајќи вистинска храброст во момент на трагедија.

Слични содржини