Христовски доби НАТО сертификат, а ДКСК нема основа за постапување против него, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
188 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ повторно реагираше на изјавите на потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска во однос на упадот во три власти во државата. Од партијата се децидни дека Владата не дозволува вакво нешто, за разлика од, како што истакнуваат, владеењето на тандемот СДСМ и ДУИ, каде што ставаа партиски кадри на буквално секое место.

-Да ја потсетиме Фани, дека на раководните позиции на структурите на безбедносните сили беа ликови како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, кои беа познати по давањето пасоши на белосветски крминалци и случајот Онишченко.

Да ја потсетиме Фани, дека ДКСК изјави дека нема никаква основа за постапување против Христовски, кој во меѓувреме доби и НАТО сертификат, рекоа меѓу другото од партијата на Христијан Мицкоски.

Од ВМРО-ДПМНЕ упатија и критики кон новото раководство на СДСМ дека се „послушници“ на екс-премиерот и екс-лидер на СДСМ, Зоран Заев.

-Знаеме дека новото раководство на СДС, кое доаѓа од третиот и четвртиот ешалон на СДС, кое го поддржуваше криминалот на Заев и неговиот потрчко Филипче, мораат да ги слушаат нивните задачи. Затоа народот не им дава поддршка и затоа и анкетите се такви за нив во форма на статиатичка грешка, стои во партиското соопштение.

Каранфилова Пановска во интервју за „Локално“ обвини дека ВМРО ДПМНЕ прави континуиран упад во извршната, zаконодавната и судската власт. Во интервјуто таа изнесе критики за назначувањето на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

-Агенцијата за национална безбедност доби директор кој е нелегален и нелегитимен, зошто ниеден од документите кои се бараат согласно конкурсот за избор не му валиден, т.е. и дипломата и сертификатите му се фалсификат. Притисокот на ВМРО да издејствува по секоја цена свој партиски послушник за директор во најважната институција која треба да ја гарантира безбедноста на сите нас граѓаните, се заканува да го урниса и кредибилитетот и интегритетот на Државната комисија за спречување на корупција, и воедно надвор од секаква друга логика освен партизација по режимси терк – со законски измени да обезбеди партиски кадар на својот коалиционен партнер ВЛЕН за директор на Државниот просветен инспекторат, рече потпретседателката на СДСМ.

Интервју со Каранфилова Пановска: ВМРО-ДПМНЕ за само шест месеци успеа да ги направи граѓаните уште посиромашни, воведувајќи практики на владеење кои ја загрозуваат демократијата

Слични содржини