Со започнување на реконструкцијата на ЈУ Универзална сала-Скопје во месец јуни 2021 година, а согласно претходно спроведена Функционална анализа и усвоен Правилник за систематизација на работните места во ЈУ Универзална сала-Скопје со број 02-200/2 од 18.09.2020 год., усвоен од страна на Министерство за информатичко општество и администрација (МИОА),со Согласност бр.12/6-3183/4 од 22.09.2020 год., се изврши реорганизација во процесот на работење на установата, вели директорот на Универзалнаа сала, Горјан Христовски околу унапредувањата предвидени со Планот за вработување за 2024 година.
Се посочува дека поради ова тогашниот директор на установата, Филип Аврамчев донел Решенија за распоредување на работни места на дел од вработените.
-Распоредувањата на вработените се извршени согласно горенаведената Систематизација, како и со исполнување на општите и посебните услови кои ги предвидува истата. Следствено на ова во Годишниот план за вработувања изготвен од ЈУ Универзална сала-Скопје за 2022 година, овие вработени беа планирани за унапредување, за истиот беше донесена Одлука од Советот на Град Скопје со број 27-8977/2 од 22.09.2021 година и Позитивно мислење од МИОА со број 09-3862/5 од 07.11.2021 година.
Планираните унапредувања не се реализираа во 2022 година и истите беа планирани во Годишниот план за вработувања изготвен од ЈУ Универзална сала-Скопје за 2023 година, за кој исто така беше донесена Одлука од Советот во сегашниот состав на Град Скопје со број 27-10236/1 од 31.08.2022 година и Позитивно мислење од МИОА со број 09-4144/2 од 27.10.2022 година.
И оваа тековна 2023 година, планираните унапредувања не се реализираа, поради што повторно се планираа истите унапредувања во Годишниот план за вработувања изготвен од ЈУ Универзална сала-Скопје за 2024 година, кои беа ставени како точка на Дневниот ред на продолженито на 35-тата седница на Советот на Град Скопје која точка Советниците не ја донесоа, стои во соопштението на Христовски.
Во делот на унапредување и распределување, се планира унапредување на вработен од домаќин во тон мајстор, унапредување од хаусмајстор во сценско-визуелни ефекти, унапредување од возач во сценско-визуелни ефекти и унапредување од хигиеничар во друг одговорен сценски работник.