И синоќа Македонија беше на нозе, на улица. Сите се против и тие кои се против . Само власта е ЗА и не сака да ја признае вината ниту да ја прифати одговорноста. Кај нив се е црно бело или си со нив или си против. Токму поради тоа протестите и додаваат боја на реалноста со гласно потенцирање на грешките и неправдите на власта и со симоликата на бојата го исажуваат протстот и ги претставуваат различните гледишта од црнобелата реалност на власта.
Така беше и вчера Шарената револуција продолжи со протести низ повеќе градови ширум Македонија. Во некои од нив врнеше дожд, но тоа не ги спречи граѓаните да излезат и да побараат правда. Најмасовниот протест се одржа во Скопје, а беше во знакот на јавните финансии и задолжувањето. Протестот пристигна пред зградата на УЈП, каде беше поставено и џиновско чоколадо, како тоа од цитатот на министерот Ставрески од „бомбите“, а во различни бои беше обоена и зградата на УЈП. Одиме со слика и хронолошки за вчерашните протести на Шарената револуција:
18:43 СЈО Скопје, страт на нов протест на Шарената револуција, главна тема јавниот долг
„#Протестирам затоа што Македонија е сиромашна и пропадната земја, иако може да биде успешна економска приказна! Македонија е сиромашна земја затоа што ја владеат арамии кои го крадат јавното, го крадат она што е наше, ја крадат нашата иднина!
Транзицијата ја опустпши македонската економија, а оваа влада ја дозакопа! Притоа, еден од главните проблеми е задолжувањето, НАШЕТО задложување, долгот кој НИЕ ЌЕ МОРА ДА ГО ПЛАЌАМЕ, а кој расте се’ повеќе повеќе.
Јавниот долг за времето на оваа влада порасна за 2 и пол милијарди евра. Во последните 5 години, Владата се задолжува 15 евра секоја секунда, 52 илјади евра секој час, 1 милион и 250 илјади евра секој ден.
Оваа влада го задолжи секое домаќинство во Македонија за 4455 евра, и секој од нас за 1240 евра. Овие бројки одовде само ќе растат! Со секој нивен ден на власт, ние сме се’ посиромашни и позадолжени!
Притоа, позајмените пари не се трошат за нашите потреби или за подобрување на економијата, туку за нивните хирови и ќефови, за нивните споменици и фасади, а голем дел одат во нивните џебови и на сметките во Белизе! Тие самите признаваат дека се лудаци, кои немаат ни за леб, ама трошат на чоколадо!
А со малку, може да се направи многу. За лечење на Тамара беа потребни 30 илјади евра. Оваа година само за камати за јавниот долг ќе бидат платени повеќе од 110 милиони евра, пари со кои можат да се направат 3 современи клинички центри!
Затоа, #Протестирам и барам одговорност за ваквото – со нивни зборови – лудачко владеење“, стои во најавата за денешниот протест.
Фото – Твитер
19:02 ВИДЕО: Трошите за чоколади, а немаме ни за леб – транспарент на Шарената револуција
Денешниот протест на Шарената револуција е во знакот на јавните финансии и задолжувањето. Главниот транспарент на денешниот протест се пишуваше пред СЈО – „Трошите за чоколади, а немаме ни за леб“, а е всушност извадок од „бомбите“ на СДСМ, поточно цитат на министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Фото и видео – Твитер/Мета
19:06 : Тргна маршот на Шарената револуција
Од пред СЈО тргна новиот протестен марш на Шарената револуција. Денешниот протест на Шарената револуција е во знакот на јавните финансии и задолжувањето.
Боб Марли и „Get Up, Stand Up“ на протестниот марш на Шарената револуција
Ечи на улиците, и вувзуели и свирчиња„Во броба, во борба“ и „Get Up, Stand Up“ на Боб Марли.
Фото – Твитер
19:09 ФОТО: „Дојдете со нас! Сорос дава поголеми сендвичи!“ – транспарент на протест
Овој демонстрант праќа порака до учесниците на контрапротестите за кои е познато дека покрај закани, добиваат и сендвичи за своето присуство. „Дојдете со нас! Сорос дава поголеми сендвичи!“, пишува на транспарентот на денешниот протест кој започна во 18 часот пред СЈО.
19:15
Видео – Твитер/Мета
19:24 : Шарената револуција повторно на протест во Охрид
Денеска и Охрид повторно со протест се приклучи на Шарената револуција.
Фото и видео – Твитер
19:36Скопје , Шарената револуција стигна пред УЈП, се слушаат снимки од „бомбите“
Протестниот марш на Шарената револуција кој тргна од пред СЈО, веќе пристигна пред просториите на Управата за јавни приходи.
Денешниот протест на Шарената револуција е во знакот на јавните финансии и задолжувањето.
Граѓаните пристигнаа пред УЈО #ШаренаРеволуција #Протестирамpic.twitter.com/Lprzdl4IGx
— META.mk (@meta_agency) May 10, 2016
Фото – Твитер
И џиновското чоколадо на Ставрески стигна на протестот пред УЈП
Покрај транспарентот „Трошите за чоколадо, а ние немаме ни за леб!“, на денешниот протест на Шарената револуција се придружи и џиновско чоколадо.
Денешниот протест на Шарената револуција е во знакот на јавните финансии и задолжувањето. Главниот транспарент е всушност извадок од „бомбите“ на СДСМ, поточно цитат на министерот за финансии, Зоран Ставрески.
Фото – Твитер
19:47 ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Шарената револуција ја обои и зградата на УЈП
Шарената револуција ја обои и зградата на Управата за јавни приходи.
Денешниот протест на Шарената револуција е во знакот на јавните финансии и задолжувањето.
На денешниот протест двајца говорници зборуваа за економската состојба и за задолжувањето.
Универзитетскиот професор Драган Тевдовски рече дека се правеле споменици и фасади наместо болници, градинки и училишта.
– Нема правда затоа што 30 отсто од семејствата во државата живеат со помалку од 15.000 денари месечно, а мала група на власт живее во луксуз, купува парцели, мерцедеси и слични работи. Овие луксузи се финансираат од наши пари, од даноци, казни и задолжувања. Затоа и има аболиција за луѓе на власт, а не за човекот кој продаваше коприви и за човекот кој беше гладен и украде ќебапчиња – рече Тевдовски.
Тој додаде и дека за да има правда и мир, трошењето на народните пари мора да е транспарентно и граѓаните да бидат контролори на власта. Исто така, според него, потребно е праведно оданочување, односно најсиромашните мора да бидат ослободени од плаќање данок, а најбогатите да плаќаат повеќе.
На протестот говореше и активистката Марија Џонс. Таа рече дека од зимата па до сега, неколку работи тргнале на подобро. Како пример го даде укинувањето на Законот за хонорарците, како и случајот за работничка од Велес која била избркана од работа затоа што не сакала да го врати регресот за одмор, а потоа го тужела работодавецот и го добила судскиот спор.
– Имам податок дека бруто домашниот производ од 90-те години на минатиот век е достигнат во 2006 година, а од тогаш се пораснал за 10 отсто. Епа, каде се парите другари? Сигурно не во нашите џебови – рече Џонс.
Протестот и денеска традиционално почна пред објектот на Специјалното јавно обвинителство. Граѓаните марширајќи низ центарот на градот пристигнаа до УЈП, каде и го завршија протестот и порачаа „Се гледаме утре во 18 часот пред СЈО“.
Фото – Твитер
20:55 Протест на Шарената револуција во Струмица под чадори
Денеска, и покрај дождот, Струмица сепак излезе на протест од Шарената револуција.
Се пишува главниот транспарент на денешниот протест#ШаренаРеволуција #Протестирам #П
Протести на „Шарената револуција“ денеска се одржа во Штип, Делчево, Кочани, Велес, Струмица,Прилеп, Битола, Кичево, Валандово, Радовиш, Ресен и Охрид.
21:21 : Масовен протест на Шарената револуција во Прилеп
Прилеп излезе на масовен протест од Шарената револуција.
21:28 Делчево по трет пат на протест од Шарената револуција
По трет пат протести во Делчево против одлуката за аболицијата на Претседателот Иванов и против одлуката за одржување на избори на 5-ти јуни, објави Делчево денес.
Делчево продолжува да протестира како дел од протестите на Шарената револуција. Денеска по трети пат граѓаните на Делчево со почеток во 18 часот со пароли и балони во рацете маршраа низ делчевските улици,тргнувајќи од Градскиот парк.
Неколку стотици Делчевчани извикувајќи “Нема правда – Нема Мир ” и покрај лошото време и денеска излегоа низ улиците нa градот да го изразат незадоволството од актуелната состојба, барајќи итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од СЈО, подршка на СЈО, оставка од Претседателот Иванов и повлекување на одлуката за избори на 5-ти јуни.
Протестите продолжуваат и во наредните денови се до исполнување на барањата.
21:57 12-ти протест на Шарената револуција во Велес
Граѓаните и граѓанките на Велес дванаесетти ден протестираат.
Втор ден протестот е во боите на Шарената Револуција. Тргнувајќи од банерот, шарените балони и попатното боење на постерите од Ѓорѓе Иванов и Никола Груевски и Славчо Чадиев.
Протестот започна од пред кружниот тек кај Авона.
Демонстрантите се движеа покрај Трговскиот центар и се задржаа кратко пред општина Велес, при што ја испејаа Земјо Жмровска. Протестот продолжи по улицата Благој Ѓорев, покрај кафе баровите во Велес. Демонстрантите извикуваа Апаши, Вратете ги парите, Поддршка за СЈО, Револуција, Затвор за фашистите, Мафија на робија. Протестот заврши на плоштадот С’рмаале. Тука беа повторно прочитани седумте барања на граѓанското движење Протестирам.
Вечерва имаше повеќе стотици демонстранти, протестот заврши мирно без инциденти.
Утре продолжуваат протестите во Велес
22:13 Уште еден масовен протест на Шарената револуција во Битола
Битола и вечерва излезе на уште еден масовен протест на Шарената револуција. Протестите започнаа по скандалозната одлука на претседателот Иванов за помилување на политичари.
Фото – Фејсбук
22:18 ГАЛЕРИЈА: Вака помина синоќешниот протест на Шарената револуција во Кичево
Фото – Фејсбук
22:25 ГАЛЕРИЈА: Прв протест на Шарената револуција во Валандово, граѓаните протестираа и покрај дождот
Вечерва се одржа првиот протест на Шарената револуција во Валандово. И покрај дождот кој врнеше за времетраење на протест, сепак граѓаните излегоа на улиците за да се придружат кон пораките за правда кои ги испраќаат повеќе градови низ целата држава.
Фото – Фејсбук
22:30 ГАЛЕРИЈА: Шарената револуција протестираше и во Радовиш
Вечерва и Радовиш излезе на протест како дел од Шарената револуција и се приклучи на барањата за правда кои стигнуваат од повеќе градови ширум Македонија.
Фото – Фејсбук
22:48 ГАЛЕРИЈА: Протест на Шарената револуција во Ресен
Синоќа и Ресен излезе на протест како дел од Шарената револуција, приклучувајќи се на многуте градови ширум Македонија кои бараат правда.
Фото – Фејсбук
Протестите на Шарената револуција продолжуваат и денеска- во 18.00 цела Македонија на нозе на улицан