Хрст: Најважна е оригиналата замисла

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Вечерва, во Музејот на современа уметност ќе биде отворена изложбата „Нова религија“ на еден од највлијателните уметници на 21 век, Дејмиен Хрст. Тој е еден од најважните концептуални уметници кои постојано го преиспитува контекстот на уметничкото дело. Според светскиот веб портал „Комплекс“,  делата на Хрст се вбројуваат во 20-те највлијателни изрази, заедно со  Џексон Полок, Роден, Едвард Мунк,Клод Моне и Микеланџело.

damien-hirst-portrait-in-studio-14

На прашањето, да даде дефиниција за оригиналност во уметноста, со оглед на конзервирањето на едно од неговите дела, Хрст вели:

– Тоа е голема дилема. Уметниците и конзерваторите имаат различни мислења за тоа што е важно : од една страна е оригиналноста на делото, а од друга оригинаноста на замислата. Јас сум претставник на концептуалната уметност, па оттаму мислам дека тоа е оригиналната намера. Но сепак, времето ќе пресуди за ова прашање.

mm32axstshjquylzevfe (1)

Претставувањето на Хрст  е реализирано во соработка на Британскиот совет, галеријата „Пол Столпер“ од Лондон и Министерството за култура на Рeпублика Македонија и претставува прво гостување на овој уметник во Македонија.

Со изложбата Британскиот совет одбележува 20 години дејност во Македонија, и е трета голема изложба што ја организираат заедно со МСУ во последните четири години.

На отворањето ќе се обратат британски амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, регионалниот директор во Британскиот совет Енди Вилијамс и директорот на Музејот на современата уметност Лазе Трипков.

Куратор на изложбата е Пол Столпер, а постановка првпат е изложена во неговата галерија во Лондон во 2005 година. Хрст почнал да работи на неа во 2004 година и била осмислена како збирка графики, но подоцна ја надополнил со нови дела и техники.