Хрват со апсолутен рекорд – „дувнал“ 7,44 промили: Еве што испил…

од Stefanija Kuzmanovska
646 прегледи

Четириесет и двегодишен маж од Чаковец, Хрватска, во неделата возел со дури 5,24 промили алкохол, известија од тамошната полициската управа . Наведено е дека возачот  бил запрен во неделата во 8 часот и 40 минути во Неделишќе.

Откако алкотестот му измерил 5,24 промили, бил приведен во полициска станица и задржан додека не се отрезни. Тој е пријавен поради прекршок за возење под дејство на алкохол.

Инаку, на жител на Крижев во 2006 година му биле измерени дури 5,66 промили алкохол кога пијан се враќал од веселба во селото. Потоа поради страв за здравјето бил префрлен во Здравствен дом, но бидејќи не бил во животна опасност, бил префрлен во затвор. И тоа не му било првпат да вози пијан.

Хрватскиот рекордер во измерени промили алкохол е Макаранин, кому во 2003 година му биле измерени 7,44 промили.

Не возел пијан, туку пиел дома. Тогаш наводно испил осум шишиња виски, објави „Слободна Далмација“.

Слични содржини