Новинарот специјализиран за трансфери, Фабрицио Романо, носи вести за трансферот на хрватскиот репрезентативец и РБ Лајпциг, Јошко Гвардиола.
Романо тврди дека Челзи напредува во разговорите со Јошко Гвардиол.
Како што тврди, трансферот ќе биде потврден сега, а Гвардиол ќе остане во РБ Лајпциг, а на тимот на Томас Тухел ќе му се приклучи во јули 2023 година.
Официјалната понуда изнесува околу 90 милиони евра.
Доколку трансферот и официјално биде комплетиран, Гвардиол ќе стане најскапиот дефанзивец на сите времиња.
Инаку, досегашниот рекорд го држи Хари Мегваер, кој во 2020 година од Лестер се пресели во Манчестер Јунајтед за 87 милиони евра.
Вториот е Матијс де Лигт, кој истата година се пресели од Ајакс во Јувентус за милион и пол помалку, додека Вирџил ван Дијк го замени дресот на Саутемптон со Ливерпул во јануари 2018 година за 84,65 милиони евра.
Романо пренесува и дека Челзи го договорил трансферот на Весли Фофана од Лестер, а за неговите услуги ќе плати околу 85 милиони евра.