Хрватите и Бјело Дугме: Да за „Липе цвату“ не за Југославија!

од Vladimir Zorba
209 прегледи

Па така, наместо „Баш ме брига где си отишла, равна ти је Југославија, баш ме брига, све у корист твоје штете“, изменетиот стих звучел вака: „Баш ме брига где си отишла, баш ме брига, ниси дете…“

 

 

Навистина денес е комично на некому да му пречи зборот Југославија во песна којашто е напишана во 1984 година, кога таа држава постоеше, коментира  „Слободна Далмација“. Со слично мислење е и менаџерот Адис Гојак, организатор на турнејата „Кој нема да полудее, тој не е нормален“ по повод 40 години од основањето на „Бијело дугме“.

– Горан Бреговиќ во моментот е во Шпанија кадешто има концерт и не можам да зборувам во негово име, но можам да кажам дека „Бијело дугме“ на концертот во „Спаладијум арена“ во Сплит имаше 15.000 луѓе кои наглас, без никакви проблеми, ја пееја „Липе цвату“. Глупаво е тогаш да се дискутира за овој случај. Сплит го сака Горан, но мислам дека овој потег не е вперен против него лично. Едноставно, на некого не му допаднал зборот Југославија. Не треба да се крева прашина, освен доколку ова не стане пракса – рекол Гојак.