
60% од учесниците на истражувањата на агенцијата “Промоција плус”, се изјаснија против воведувањето на еврото.Само 29% од испитаниците се согласуваат националната валута куна да биде сменета со евро. Во исто време огромното мнозинство од хрватските граѓани сметаат дека Грците сами си се виновни за економската криза во која се наоѓаат. 73% од испитаниците се оптимисти за иднината на ЕУ, и тие сметаат дека ЕУ ќе ја надмине грчката криза.