Хрватските медиуми денеска пуштија вистинска бомба. Имено, спортскиот директор на Хајдук Никола Калиниќ се обидува да го доведе Един Џеко на „Пољуд“.
Калиниќ стапил во контакт со центарфорот на БиХ и се обидува да го убеди да дојде во сплитскиот клуб. Не се знае во која фаза е „операцијата“, но Калиниќ е сериозен да го доведе напаѓачот во Фенербахче, пренесе Index.hr.
Џеко има договор со Фенербахче до крајот на следната сезона. Во првата година од договорот, тој постигна 25 гола и асистираше 10 пати во 46 натпревари.
„Дијамантот“ играше со Калиниќ во Рома. Џеко има врски и со Хрватска, со оглед на тоа што е сопственик на ресторан во Дубровник.
Хајдук за нов тренер го назначи Џенаро Гатузо, кој веројатно е најголемото тренерско име во историјата на елитното ниво на хрватскиот фудбал.
Гатузо работеше во Сион, Палермо, ОФИ, Пиза, Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј.