Хрватите цело ЕП на дресовите го носеа усташкиот грб (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Хрватските фудбалери носеа дресови со контроверзни знамиња, на кои распоредот на квадратите е направен според усташките симболи.

На официјалното хрватско знаме, првиот и последниот квадрат се црвени, додека на сите усташки знамиња првите горни полиња се бели.

Такви беа полињата на малите знамиња, кои се прават уникатно и специјализирано за одредени натпревари.

Така, Хрватите против Шпанија на градите имаа усташка шаховска табла, за што пишуваа и нивните медиуми.

„Дури четири натпревари одиграа Модриќ и друштвото со погрешен грб, и никој не реагираше. Неверојатни гафови им се случија на Хрватите на ова евро, не само на теренот, а еден беше откриен откако нашата делегација се врати во Ровињ. На дресот на хрватската репрезентација, имено, на сите четири натпревари имаше знаме со погрешен хрватски грб, на кој првото поле е бело. Се разбира, тоа е црвено на официјалниот државен грб “, пишува SN.

Чесите и Шкотите го имаа точниот хрватски грб на дресовите, Англичаните и Шпанците не правеа такви дресови.

Слични содржини