Хрватска: 190 заразени, тројца починати и рекорден број тестови

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 190 нови случаи на коронавирус, а три лица починале, објави „Нова.рс“.

Според Националниот штаб за цивилна заштита, биле тестирани рекордни 5.549 лица.

Во моментов во Хрватска има 2.430 активни случаи на коронавирус, од кои 327 пациенти се во болница, а 26 се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, во Хрватска се пријавени 13.107 лица заразени со корона, а 211 починале. До денес се тестирани вкупно 210.805 лица.