Хрватска: 22-годишна девојка почина од корона

од Vladimir Zorba

22-годишна девојка во Хрватска почина како резултат на коронавирусот, објавено е на официјалната Твитер страница на Влдата за Ковид-19. Како што е наведено, девојката, родена 1999 година, починала во болница во Забок.

Денес, Хрватска потврди 25 смртни случаи како последица на вирусот, а 422 лица беа заразени.

23-годишник почина минатиот викенд во болницата Дубрава во Загреб. Младиот човек бил заразен со вирусот, а директорот на болницата Ивица Лукшиќ изјавил дека има умерена дебелина и висок крвен притисок.

Лукшиќ изјавил дека дошол во болницата со тешка пневмонија, без поголеми коморбидитети, пренесуваат хрватските медиуми.

„Тој имаше умерена дебелина и хипертензија, но ковид е сериозна болест. Ова го гледаме преку пост-ковидот. Ковид е болест што има влијание врз повеќе системи и остава последици“, рече Лукшиќ.

Слични содржини