Хрватска: 357 новозаболени со коронавирус, тројца починати

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Во последните 24 часа имаме дури 357 лица заразени со коронавирус, тројца починаа, а сегашниот број на активни случаи е 2.256. Тестирани се 160.000 луѓе, а 2.065 во изминатите 24 часа“, рече хрватскиот министер за здравство Вили Берош на денешната прес-конференција, пренесе „Нова.рс“.

„Оздравеле вкупно 6.809 лица, а 13 лица се отпуштени од болници во последните 24 часа. Имаме три починати лица, вкупно 180 починати. Почина жена од Задар, жена во Винковци и маж од Сплит. Сите тројца имале дополнителни хронични заболувања. Во самоизолација има 8.770 лица “, рече Берош.

И понатаму најлоша е состојбата во округот Сплит-Далмација.