Од Грција веќе е готов нов бран мигранти за Хрватска. Станува збор за 30 000 луѓе. Ова го соопшти хрватската државна телевизија / ХРТ /, повикувајќи се на свои извори од Министерството за внатрешни работи во Загреб. Во последните неколку дена во Хрватска се намалува плимата на мигранти и вчера во приемен центар во Славонски Брод немаше ниту еден мигрант.

Во вчерашниот ден немаше и нови пристигнале мигранти од Србија во Хрватска, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи. Од почетокот на кризата на 17 септември во Хрватска од Србија пристигнале 334 128 лица. Огромен дел од нив веднаш се упатуваат кон словенечката граница. Властите во Љубљана соопштија дека од 16 октомври до денес над 150 000 мигранти пристигнале во земјата од Хрватска.

Властите во Љубљана соопштија дека од 16 октомври до денес над 150 000 мигранти пристигнале во земјата од Хрватска. Словенечкиот премиер Миро Церар предупреди дека испраќањето на војска и поставување на ограда по Шенген граница на земјата веќе не е само хипотеза.
Владите во Загреб, Љубљана, како и таа на унгарскиот премиер Виктор Орбан постојано повторуваат дека Грција го крши брутално Шенген договор и допушта без контрола сите мигранти и потоа организирано ги праќа кон македонската граница.
По 19 јуни во Република Македонија од Грција пристигнаа над 240 000 мигранти.