Хрватите го напуштаат Болоњскиот модел на високо образование. Тој не го положи испитот на реалноста. Ги промаши целите . Каде беше предложен, таму и ќе биде исфрлен, од Економскиот факултет во Загреб. Економски факултет во Загреб го напушта т.н. Болоњски систем на студирање, а новиот моддел на студирање ќе почне да се применува есен, пишува хрватски “Јутарњи лист”, пренесува B92.
Наместо на Болоња моделот 4 + 1, ќе се премине интегрирани петгодишни студии. Економскиот факултет заклучи дека „bečelor„ дипломите не се потребни, а интегрирани студии ќе воведат и Кинезиолошкиот факултет во Загреб.

Главната причина за напуштање на Болоњскиот модел е во тоа што пазарот на трудот не ја препозна „бејкелор„ дипломата, што предизвика 90 отсто од студентите по економија, ги продолжуваа студиите и станаа магистри по економијата.
Оваа промена, за која е дадено зелено светло од страна на надлежните Национален совет за наука, високото образование и технолошки развој, се толкува различно. Поединци ова го нарекуваат напуштање на “Болоња”, додека други тврдат дека ова е само уште еден од Болоњски модел.
“Ова е напуштање на Болоњскиот систем. Всушност ова е продолжение на старите четири годишни студии на пет години, што претставува закана за некои од нашите титули, кои нема да бидат признати било каде надвор од Хрватска, а програмата за поголемиот дел од студентите била преполна со непотребни содржинии”, вели Невен Будак, раководител на тимот за спроведување на стратегијата за образование.
Тој додаде дека таквата промена ќе одаи во рацете на приватните колеџи,кои нудат пократка програми, како и еднакви можности за вработување.
И Хрвоје Краљевиќ, член на Националниот совет и министерот за наука, за време на чиј мандат беше потпишана Болоњската декларација, се спротивставува на одлуката на Економскиот факултет.
“Овој чин е секако чекор кон напуштање на Болоња. Очекувам дека, учејќи се од примерот на Економскиот факултет, а и други се движат кон тоа менување на моделот. Јас сум прилично песимистист во поглед на понатамошниот развој на ситуацијата “, рече Хрвоје Краљевиќ. Болоњскиот процес, спорред неговот мислење, многу е добро дизајниран, но е сосема погрешно применет.
Факултетот за економија оваа одлуката ја чекаше пет години. Пред Националниот совет излезе со акумулирано документи, меѓу кои е и студија на повеќе од 1000 страници. За позитивен пример за интегрирани студии во бизнис економија се наведуваат двете земји: Чешка и Масачусетс во САД.
Деканот на Економскиот факултет Лајош Загер негира дека новиот модел го остава Болоња и сето тоа е направено во согласност со Законот за високото образование, кој ги признава интегрирани студии, како што беше потврдено од страна на претседателот на Националниот совет Иво Дружиќ.
Идејниот креатор на моделот 4 плус 1 е поранешен декан на Факултетот за економски науки, Тончи Лазибат, сегашен проректорза бизнис при Универзитетот во Загреб, кој тврди дека “ова не е уривање на Болоња, но еден од моделите кои, исто така, се Болоња” .