Хрватска гради складиште за нуклеарен отпад во близина на границата со Босна и Херцеговина

Хрватскиот парламент го усвои Законот за изградба на објект за отстранување на радиоактивен отпад на Трговска Гора, во близина на границата со Босна и Херцеговина.

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин

Хрватскиот парламент го усвои Законот за изградба на објект за отстранување на радиоактивен отпад на Трговска Гора, во близина на границата со Босна и Херцеговина.

Според Националната програма за спроведување на Стратегијата за управување со радиоактивен отпад, искористени извори и потрошено нуклеарно гориво, која хрватската влада ја усвои кон крајот на 2018 година, Трговска Гора и касарната Черкезовац се планирани како локации за долгорочно складирање на овој отпад.

Локацијата би складирала отпад со ниско и средно ниво на радиоактивност од нуклеарната централа Кршко во Словенија, како и радиоактивен отпад генериран во Хрватска.

Локацијата за складирање е оддалечена околу 800 метри воздушна линија од границата со Босна и Херцеговина, еден километар од водоводот на општина Нови Град, од кој 15.000 луѓе пијат вода.

Босанските власти се спротивставуваат на отворањето на објект за отстранување на радиоактивен отпад, бидејќи веруваат дека тоа би можело да ги загрози животите и здравјето на луѓето во сливот на реката Уна. Тие, исто така, проценуваат дека тоа ќе влијае на 13 општини во северозападна БиХ, каде што живеат околу 250.000 луѓе, потсетува РСЕ.