Седумдневната воена вежба на хрватските вооружени сили – „Borbena moć 25“, се спроведува во копнениот и воздушниот домен на воениот полигон „Еуген Кватерник“ во близина на Слуњ и на воениот поморски полигон Жирје.
Како што соопшти Министерството за одбрана на Република Хрватска (MORH), ова е најголемата заедничка воена вежба од 2018 година, започна на 12 септември и ќе трае до 19 септември.
Синхронизацијата на борбените операции на копнените, поморските и воздушните средства ќе ја демонстрира обуката на припадниците на хрватските вооружени сили и маневрирачките и борбените способности на опремата за извршување на основната мисија на вооружените сили на Република Хрватска.
Сеопфатниот процес на воено планирање ќе кулминира на 17 септември на воениот полигон „Еуген Кватерник“ со демонстрација на маневрирачките способности и борбената моќ на сите новостекнати системи воведени во оперативна употреба во изминатата година, соопшти MORH.