Хрватска меѓу првите ќе го ратификува влезот на Македонија во НАТО

од Vladimir Zorba
87 прегледи

Хрватска меѓу првите ќе го ратификува протоколот за членство на Макеоднија во НАТО и ќе продолжи со поддршка на тој и на патот кон ЕУ. Тоа го изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ по состанокот со македонскиот премиер Зоран Заев во Загреб.

Пленковиќ и Заев имаа состанок пред почетокот на самитот на Средноевропската иницијатива.

Коментирајќи ги „храбрите“ потези што ги направи Заев, Пленковиќ рече дека тие одлуки кога ќе бидат потврдени ќе овозможат и формални чекори за членство на Македонија во НАТО.

– Секако дека Хрватска ќе биде меѓу првите држави кои ќе го ратификуваат тој протокол и со тоа ќе даде силна поддршка за Македонија, за интегрирање во колективната одбрана на НАТО, истакна тој.

Заев рече дека Хрватска е голем пријател на Македонија и дека неговата држава е силно благодарна за поддршката што и ја дава на патот кон ЕУ и НАТО.