Хрватска на чекор од победа над коронавирусот

од Nikola Popovski
291 прегледи

Во последните 24 часа се регистрирани седум новозаразени со коронавирус во Хрватска, што е вкупно 2.119 случаи досега.

Националниот штаб за цивилна заштита на прес-конференција соопшти дека 1.080 лица биле тестирани во последните 24 часа.

Според податоците на локалниот штаб, во Копривница починале две лица во домот за стари и немоќни лица.