Хрватска: На плажите секој ќе има свои 6,5 квадратни метри, чувари ќе го следат растојанието

од Nikola Popovski
169 прегледи

Вчера, Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗJЗ) објави препораки за пливање во морските и копнените површински води за време на епидемијата и за пливање во базените и водени паркови, со максимален број на луѓе на плажите ограничен на 15 на површина од 100 квадратни метри.

„За просториите на морските и слатководните подрачја за капење, максималниот број на лица дозволени да останат во исто време се определува според принципот- 15 лица на 100 квадратни метри нето-површина“, се вели во препораките на ХЗЈЗ.

Покрај тоа, на сите посетители и вработени им се советува да се придржуваат кон правилата за физичко растојание од 1,5 метри, што вклучува и растојание при пливање.

Дезинфицирајте ги лежалките неколку пати на ден

Исто така, на влезот и во подрачјето каде престојуваат посетителите, потребно е да се постават информации за хигиенски процедури и со упатства за правилно однесување и мерки за заштита, кои треба да се следат или кои се валидни во тој простор.

На морските и слатководните капалишта неопходно е да се постават дозери со средства за дезинфекција на разумни растојанија и на видливи места. Исто така, концесионерот треба да ги оддели лежалките за да обезбеди физичко растојание и да обезбеди лице штпо може да ги надгледува пропишаните мерки.

Лежалки треба да се дезинфицираат неколку пати на ден, а секогаш откако одреден гостин веќе не ја користи лежалката и пред да ја користи друг гостин.

„Чистењето и дезинфекцијата на санитарниот простор треба да се засилува на секои два часа (доколку е потребно и почесто), како и бројот на вработените за дневно чистење во секоја санитарен јазол. Во исто време, употребата на санитарни јазли треба да биде ограничена во согласност со големината и пропишаните санитарни услови“, се маведува во упатствата.