Хрватска нема намера да испраќа војници во Украина – без разлика што ќе решат другите

од desk2
18 прегледи

„Го повторуваме нашиот став дека Хрватска нема намера да испраќа војници во Украина“, велат од владата на Хрватска за хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

По кажаното од претседателот на САД, Доналд Трамп, во разговор за американската телевизија Фокс Нуз, по вчерашните разговори со претседателот на Украина, Володимир Зеленски и европските челници, дека „Велика Британија, Франција и Германија ќе испратат трупи на терен за да осигурат мир“, во Хрватска очигледно нема таква намера.

И претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој е во остра конфронтација со владата на ХДЗ, вчера уште еднаш повтори оти нема намера да испраќа хрватски војници во Украина.

„Бидејќи претседателот на Владата деновиве се вклучи во разговорите на т.н. Коалиција на волните, а која е сочинета од држави чии лидери најавуваа испраќање свои војници во Украина, потсетувам дека Хрватска е членка на Европската Унија и НАТО и има само обврски што произлегуваат од членството во тие сојузи.

Хрватска нема никакви обврски што произлегуваат од политички или војни договори на лидерите на земјите на т.н. Коалиција на волните, а Владата на РХ ни од кого не е овластен да ја турка Хрватска во некои нови коалиции што би можеле да подразбираат и учество на хрватски војници во војната во Украина. Добив мандат од хрватскиот народ да застапувам таков став и затоа повторувам дека хрватски војници нема да учествуваат во туѓи војни“, порача хрватскиот претседател.

Слични содржини