217
Хрватската пошта не одобри изработка на поштенски печат со ликот на Јосип Броз Тито, што беше барање на Здружението на антифашистички борци и антифашисти (САБА), како и на Здружението „Јосип Броз Тито Хрватска“, за филателистичка изложба по повод 130-годишнината од раѓањето на Тито.
Поштенскиот жиг е вообичаен за некои манифестации и настани, во случајов печатот со ликот на Тито требало да биде во употреба само во една пошта во Загреб и тоа само еден ден, објави Хина.
Претседателот на Здружението Јосип Броз Тито Хрватска, Јован Вејновиќ изјави дека одбивањето на Хрватска пошта не го изненадува, додавајќи дека е свесен за општествената атмосфера во Хрватска.