Хрватска повторно руши рекорди: 56 мртви за 24 часа

од Vladimir Zorba
148 прегледи

Во Хрватска во изминатите 24 часа беа регистрирани рекордни 3.603 новозаразени и дури 56 мртви.

Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 20.691, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Меѓу нив, 2.136 пациенти се во болница, од кои 240 се на апарати за дишење.

Во моментов има 45.518 лица во самоизолација.

Најстрогите епидемиолошки мерки од пролетното затворање ќе бидат воведени во Хрватска за неколку дена, пишува „Јутарњи лист“ и наведува дека мерките главно ќе се однесуваат на угостителството, образованието, културата, транспортот и спортот.

Вчера во Хрватска беа регистрирани околу 2.323 нови случаи со коронавирус, а 47 лица починаа.

Слични содржини