Хрватска развива клик – мебел

од desk2
183 прегледи

Хрватска оваа година бележи рекорден раст на извозот на мебел, паркет, прозорци и врати.
Преработувачите на дрво од оваа земја извезуваат двојно повеќе одошто увезуваат и тоа е сектор што
остварува суфицит, јавува ХРТ.


Хрватска е четврти светски производител на масивен паркет. Исклучително бараните подни облоги со
таканаречен клик систем ги патентираше Хрватот Дарко Перван, кој живее во Шведска. Тој сега
започнува нов извозен хит, а тоа е клик – мебел и тоа во градот Бјеловар, каде што гради нова фабрика.

Дрвото е меѓу петте најголеми извозни адути на Хрватска и во Кина. Освен увоз, Кинезите сакаат да
вложуваат и во профитабилниот дрвен сектор.