Хрватска со нови мерки: Од вечерва на сила стапуваат следниве правила…

619 прегледи

Од денес Хрватска во сила се нови мерки против ширењето на Ковид 19.

Истите, предвидуваат затворање на ноќните клубови, казината, како и ограничување на погребите, церемониите и слични свечености, а ќе траат до 15. декември за почеток.

Во Хрватска, идентично како и секаде не стивнуваат бројките од вториот бран на Коронавирусот.

Јавните собири и настани се ограничени на 25 лица наместо 50 како што беше досега. Свадбите може да се направат во присуство на 15 лица, додека на погреб можат да присуствуваат најмногу 25 лица.

Исто така, приватните свечености се ограничени на 10 лица, а спортските натпревари ќе бидат играни без присуство на публика. Угостителските објекти можат да работат до 22 часот, со строго утврдени протоколи и однапред утврден број на лица кои можат да седнат на една маса.

Покрај овие, мерки за забрана за продажба на алкохолни пијалоци се воведени и тоа од 22 часот до 6 наутро.

Слични содржини