195
Хрватска доби зелено светло за влез во Шенген зоната, додека за Бугарија и Романија немаше консензус на денешниот состанок на министрите на ЕУ во Брисел.
Австрија и Холандија пред состанокот најавија дека нема да гласаат за двете земји, за кои тврдат дека ги немаат исполнето условите.
Пред состанокот бугарскиот претседател Радев упати молба и апел до европските колеги да ја примат Бугарија во Шенген зоната, и покрај критиките за корупција и организиран криминал.