Хрватска, мала земја на Балканот која е преполна со лицемерни и глупави луѓе. Не сите, не мнозинството, но сосема доволно глупави лицемери има на интернет да ви се згади и интернетот и општото опкружување во кое се наоѓате. Ќе се прашате кои се тие глупави лицемери. Па тие кои велат овие бегалци, мажи, зошто не одат назад да се борат. И тие кои лајкуваат такви статуси. Да се има интернет, тоа средство со кое можеме да допреме до сите познати знаења и да пишуваме такви пораки, значи да се биде глуп. Имаше доста политичка коректност во која на глупите луѓе не се зборува доволно дека се глупави. А ако веќе сте глупави, тогаш својата глупост не ја пишувајте на интернет, задржете ја за себе или за потесниот круг истомисленици.

Но, да почнеме по ред.
Еднаш видов и тоа е така!
Секој од нас познава некој од средно училиште, во дијаспората или на брод, па и како обртник или сопственик на фирма заработува по неколку илјади евра месечно. И така, ви доаѓа соседот за кој знаете дека работи во супермаркет на каса и ве замолува за 100 куни до први, вие му велите: – Пријателе, па имаш средно училиште, заработуваш неколку илјади евра, што би сакал? Или знаете некој повратник од Германија, со пензија од 1000 евра и потоа искрено се чудите кога слушате дека на соседот кој работниот век го поминал во Југопластика, му ја исклучиле струјата.
Значи еден пример го развлекувате на сите и мислите дека на сите им е еднакво. Нели така целосно е оправдано да ве нарекуваат глупав човек?
Е, па целосно е еднакво глупаво искуството на една европска национална држава, како што Хрватска и беше (па дури и во социјализмот пишуваше во Уставот национална држава на хрватскиот народ, држава на српскиот народ во Хрватска и држава на другите народи и народности кои живеат во неа) и искуството од Домовинската војна да се пренесува на земјите на Азија и Африка, посебно на тие настанати со цртање на границите од страна на британските и другите колонизатори.
За кого би сте се бореле во Сирија?
Да речеме дека имате 25 години и несреќа да не сте се родиле во Хрватска, туку во Сирија. Земјата демографски е многу помлада од нашата, многу е можно со факултетска диплома да имате и сопруга и две деца и им сакате се најдобро во животот.
Но, вашата држава буквално е распадната. Никој класично не ја нападнал, ниту се работи за вооружено востание, поттикнув
Целиот живот, а можно е и добар дел од животот на вашиот татко, со државата управува Асад. Прво Хафез ал-Асад од 1971 до 2000, а потоа неговиот син Башар ал-Асад. Изборите се спроведуваат така што прво избирате партија, па потоа се оди на референдум (нема противкандидати). Значи, во прашање е диктатура. Класична семејна диктатура, само нешто поблага од таа во Северна Кореја. Но, во диктатурата, ако случајно нешто сте лаеле против режимот, веќе ги знаете и последиците. Дали би сте се бореле за диктатор на кој воопшто не сте му ни битни ни важни?
Дополнително, за добар дел од светот, Асад повеќе не е легитимен претставник на Сирија.
Другите се ФСИ – Слободна сириска армија е бунтовничка вооружена формација која се бори против режимот на Асад во Сирија. Основана е во 2011 година од страна на пребеганите командири и војници на Сириската војска, вклучувајќи ги и тие со високи чинови. Многу припадници на оваа армија се сунитски муслимани, но во јуни 2015 година проценетата сила на Слободната сириска армија изнесувала 45.000 – 60.000 луѓе. Слободната сириска армија изведувала операции во речиси сите делови на Сирија, но на истокот на земјата била потисната од стран ана борците на Исламската држава. Главни противници на Слободната сириска армија во Сириската граѓанска војна се силите на режимот на Асад и т.н. Исламска држава. Делови на оваа армија соработуваат со вооружените исли на сириските Курди во борба против Исламската Држава. Едно време се чинеше дека ќе преовладее, меѓутоа во 2013 година се појави проблем, бегање на војниците во Ал- Нусра Фронтот.
Слободната сириска армија има поддршка од страна на дел од меѓународната заедница, технички за многу западни земји таа е моментално легитимна власт во Сирија.
Ал-Нусра Фронтот основани се на 23 јануари 2012 година, како дел од Ал Каеда која оперира во Сирија. Главно оперираат во северниот дел на Сирија, каде поддршка им дава и некоја фракција на ФСИ. Додека им попречуваат фракции на ФСИ во јужниот дел на земјата. Ал-Нусра Фронтот во 2013 година ги прекина врските со ИСИС (дури некои единици подоцна се бореле против ИСИС), а пред неколку месеци дошле дури и најави дека не сакаат да бидат дел од Ал Каеда (најверојатно за да ја тргнат од себе незгодната соработка која им оневозможува вооружување).
ИСИС – Исламската Држава на Ирак и Левант, зло на злата, верувам дека не треба дополнително да се објаснува. Покрај сите наведени, тука е и маса на помали групи, верски, национални, регионални, фракции, а веројатно и по некој селски поглавар кој има сопствена војска. Оружје има, таму го имаше и ќе го има, главно старо советско, но исклучително моќно. И како во секоја војна од ваков тип, масовно страдаат деца и други цивили, линиите на достава се прекинати, животот е под ниво на секоја цивилизираност, а почитувањето на Женевските конвенции за правила на војната е бајка.
И за кого тука би сте се бореле? И каде со сопруга и две деца од 3 и 5 години дури и одите за некого да се борите? Кој во таков судир воопшто ќе се грижи за нив. И општо, за кого и за чиви цели ќе се борите, посебно ако не сте во главните верски или национални групи?
Тоа е целосно друг свет
Погледнете ги границите на тие држави Сирија и уште повеќе на Либија. Тоа се држави настанати со цртање по карти и понекогаш намерно лошо повлечени линии каде намерно се дели народот и верите, за да може утре да дојде до немири и нереди. Царевите на колонијализмот, Англичаните, тоа многу добро знаат како се прави.
Тие земји не се развиле како национални држави како што ги сфаќаме ние. Другата земја со голем број на бегалци, Либија, се распадна на племиња кои тука постоеле и порано, моментално има две влади, два парламента, две војски, два главни града, се е дупло, а сигурно и подрачјата за кои воопшто не им е гајле за двете влати. И ако не сте племенски настроени, имате семејство, можеби сопруга од другото племе, дали се исплатува да се обидете да отидете кон Италија, чиј јазик можеби и го знаете?
Единствени кои во целиот овој крвав циркуз водат релативно едноставна сфатлива борба се Курдите. Тие се борат за својата држава на подрачјето на северен Ирак. Ги има вкупно од 23 до 32 милиони, според проценките и се наоѓаат во неколку држави, при што од земјите каде ги има на милиони само во Иран имаат утврден статус. Основани се како народ и имаат веројатно еднакво право на своја држава како Хрватите, Австријците или Унгарците.
Бегалците во Европа
Дел од тие бегалци се упатија кон Европа, луѓе кои останале без ништо, на некој начин дури и без држава. Земјите во кои живееле Сирија, Либија, па и Ирак, сега се само поими на географската карта, каде класична суверена држава повеќе не постои.
Како што веќе е објаснето, според проценките на УНХЦР 2,2 милиони Сиријци се наоѓаат во Египет, Ирак, Јордан и Либанон, 1,8 милиони се во Турција, додека 24.000 во Либија. Во земјите на Европа стигнаа 8 отсто од сириските бегалци.
Поопширно: Погледнете кои земји примија најмногу бегалци од Сирија
Зошто доаѓаат во Европа? Па од причини што Европа има поим за социјална држава и барателите на азил релативно лагодно живеат. Професор Горан Бандов за CroExpress пишува: – Германија овозможува бесплатно сместување и покривање на трошоците за вода, гас, греење, струја, комуналии, т.е. 325.00 евра по член на семејство. Ако се сместени надвор од заедничките простории, тогаш и нешто повеќе, до 359 евра. Ако се пет лица во семејството, врз основ на својот статус добиваат нешто помалку од 1.500 евра секој месец, бидејќи со добивањето на еврата нешто се намалува во однос на понатамошниот број на членови на семејството.
Да наведеме и како можат да се вработат под некои услови, тогаш се губи помошта од 325 евра, но се друго останува, вклучувајќи ја и помошта за членовите на семејството, школувањето и здравствената помош. Ако сепак по неколку години ве одбијат за азил, пишува Бандов, уредно ви плаќаат карта за назад, ако не сте ги потрошиле парите и имате некоја заштеда, па повторно за некој месец можете да се појавите, во некоја друга германска покраина.
Сега доаѓаме до приказната зошто бегалците на пример не одат масовно во Дубаи. Како прво, не е таква социјална држава, како што е Германија. Како второ, таму ако не сте школуван експерт заработувате помалку. Како трето, треба да се поминат неколку пустини, така полесно е да се дојде до Европа и во Германија да се добијат 1500 евра со бесплатно сместување и режиски трошоци. Со тоа можете многу добро да живеете.
А зошто лицемерни?
Хрватите околу сето тоа се уште и големи лицемери, бидејќи токму Хрватска е иселувана, земја на дијаспора и земја која покрај Турција можеби само уште неколку земји има и над 50 отсто жители надвор од матичната држава, не сметајќи ја БиХ каде Хрватите се конститутивен народ. Се одеше надвор за подобра иднина, се бегаше од војните, се бегаше од репресиите на Кралството Југославија, па од репресијата на Социјалистичка Југославија. Прашање е воопшто колку би останале живи како нација ако хрватите не одеа во странство, каде тамошните Хрвати ги дочекуваа со раширени раце и им понудија нов живот.
Вклучувајќи ги и Хрватите кои имаа обвиненија за соработници на еден од најлошите режими во историјата, Хитлеровиот.
Наши островски презимиња има повеќе по Сојузната Држава Калифорнија или Чиле, отколку по островите, каде во половина населби по некој е пријавен само да не плаќа данок за викендицата. Поради тоа, за припадници на народ кои толку се врзани за дијаспората и на кои дел од националниот идентитет е токму идентитетот на дијаспората, бидејќи од Хрватска се заминуваше и се заминува, да се згрозуваме поради некои други бегалци е знак на максимално и ниско лицемерие. Впрочем, податоците од извештајот на Владата на Република Хрватска од 1998 година зборуваат: – Со агресијата на РХ во 1991 година речиси 700.000 жители во РХ мораа да ги напуштат своите домови. Најголем дел од нив се згрижени во РХ преку Кабинетот за бегалци и статистички се водат како бегалци, околу 550.000 во 1991 година, додека дури 148.000 лица се згрижени во трети земји: Германија, Австрија, Словенија, Унгарија, итн.
Значи, 148.000 хрватски бегалци станале бегалци во трети земји, од Унгарија до Канада. Да ги додадеме на тие и бегалците Хрвати од БиХ, кои одеа и до САД. Некои и добија бесплатно образование таму, повластици кои ни многу родени Американци ги немаат. Тоа се заборава премногу брзо.
Проблемот на Европа и светот
Бегалците ќе доаѓаат се додека од таму каде доаѓаат има војни, тоа е јасно. Меѓународната заедница за сега не прави ништо, Европската унија по обичај нема поима (добро, тоа не не изненадува, тоа го знаеме уште од 90-тите), на никого не му паѓа на памет повторно да го активира Старателскиот совет на ОН и тие држави да ги стави под меѓународна контрола додека не се смисли нешто попаметно.
Веројатно ќе се чека да дојде некој нов Пакс Американа, т.е. на Вујко Сем да му здосади тотално немирната состојба во овие земји. Американците впрочем и на Балканот донесоа мир, кога заклучија дека доста се веќе глупости. Инаку, кога сме веќе кај Американците, грешат и тие кои за распадот на овие држави примарно ги обвинуваат САД. Американците генерално не се нешто популарни во арапските земји, бидејќи се главен сојузник на Израел и нема шанси толпа агенти да срушат некоја земја која сама по себе не е трула и каде омраза нема со децении. Погледнете по себе, зарем некој агент од странска држава може да ве наговори на војна?
Тие држави се распаднаа бидејќи во денешно време на Интернет и размена на информации, времето на класични диктатури помина. А нивниот проблем е што не развија нормално општество. А бидејќи се диктатури, не ни можеле да го развијат. Кружен проблем.
А знаете ли кој е хрватскиот проблем, токму тоа, што никој не сака да остане кај нас!
Знаете кој е хрватскиот проблем во сето ова? Не тоа дека ќе ни дојдат илјадници бегалци, бидејќи Хрватска не ги интересира, освен тоа преку БиХ сигурно нема да дојдат, а копнената граница со Србија е кратка. Дунав не е нешто што илјадници луѓе можат да го поминат.
Вистина е дека меѓу бегалците можат да се наоѓаат и терористи, но тоа е веќе работа на специјалните служби. Со тоа дека за Хрватска конкретно треба да биде многу поголем проблем податокот дека над 200 граѓани на БиХ војуваа за ИСИС. Изгледаат еднакво како граѓаните на Хрватска, зборуваат речиси исто како граѓаните на Хрватска, а којзнае можеби имаат и хрватски пасоши, кога веќе ги набавија сите реномирани српски мафијаши. Тука се и стотици граѓани од Косово кои исто така отишле во борба на страната на ИСИС.
Можеби тие од БиХ и тие од Косово ги има уште повеќе, кој воопшто ги регистрира? Не е баш дека тие држави имаат некои разузнавачки служби од доверба. И каде им се на тие луѓе врските и мрежите на соработниците, не се оди туку така во војна на друг континент без никакво знаење. Тоа за Хрватска, каде сеуште луѓето се вртат кога ќе слушнат странски јазик надвор од сезоната, е поголем безбедносен проблем од бегалците во транзит.
Хрватскиот проблемот во сето ова е што сме толку јадни што ни луѓе кои бегаат од војна и распаднати држави воопшто немаат намера да останат во Хрватска! Ние сами станавме толку лоша држава за живот, што не сме интересни ни на бегалците. Дури долгорочно би ни одговарало на примерот од Либија, со која порано имавме одлични односи и им ги школувавме кадрите, да дојдат лекари и инжинери, бидејќи наталитетот ни е никаков, ќе нема кој да ги полни пензиските фондови. Но, не се грижете, тие нема да дојдат и нема да се населат кај нас.
А на крај, навистина сериозно замислете се зошто никој не сака да се насели кај нас. Тоа е хрватски проблем. Станавме држава која и бегалците ја избегнуваат.
Индекс – Загреб