Хрватски бискуп: Земјотресот е поголем непријател од Србите

од Nikola Popovski
287 прегледи

Хрватскиот бискуп во Сисак, Владо Кошиќ, изјави дека денес најголемиот непријател на Хрватска е земјотресот.

„Земјотресот е тешко да се предвиди, не можеме да се бориме против него како против Турците, комунистите или Србите“, рече Кошиќ, познат по ширењето омраза и нетолеранција кон малцинските заедници.

Во 2018 година, Хрватското здружение за односи со јавност го прогласи Кошиќ за „антикомуникатор на годината“, кој, како што е наведено во образложението, бил критикуван за „ширење нетолеранција, па дури и омраза кон одредени политички и социјални групи во Хрватска“.

Во неделата, бискупот Кошиќ одржа миса во знак на сеќавање на 443-годишнината од падот на тврдината Гвозданско во 1578 година.

„Тие повеќе би сакале да останат во одбраната на тврдината Гвозданско и во одбраната на татковината отколку да се потчинат на непријателот и неговата сила. Таа борба ја реши хрватскиот народ до крај, без разлика дали бевме угнетувани од Турци, комунисти или од Србите “, рече Кошиќ.

Во силниот земјотрес што ја погоди централна Хрватска на крајот на минатата година, Банија со градовите Петриња, Глина, Сисак и околните села беа сериозно оштетени.

Слични содржини