📹 Хрватски комичари ги „замислија“ Александар Вучиќ, Милорад Додик и Ана Брнабиќ во пицерија

„Ова е за вас пица? Јас ви кажав: Готово е со шарените пици. Ќе напишам книга како ги победив шарените пици!“, вели „Вучиќ“ во пародијата.

од desk2
32 прегледи

Изјавите и однесувањето при многуте појавувања во јавност на српскиот претседател Александар Вучиќ, сегашната претседателка на српскиот парламент и поранешна премиерка Ана Брнабиќ, еден српски контрадемонстрант („ќаци“) и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги инспирираа хрватските комичари да направат скеч во кој ги имитираат, божем се во пицерија.

„Ова е за вас пица? Јас ви кажав: Готово е со шарените пици. Ќе напишам книга како ги победив шарените пици!“, вели „Вучиќ“ во пародијата.

„Ало бе, ние, бре, ние студентите што сакаме да јадеме пица не разбираме зошто овие други студенти не ни даваат да јадеме пица?“, вели „ќаци“, кој е пародична фигура за „студентите-контрадемонстранти“ во Белград, кои набргу по почетокот на протестите на студентите против режимот по уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, поставија свој камп пред Кабинетот на претседателот на Србија, протестирајќи оти „овие другите не им даваат да учат“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PRITISAK NA TLAK (@pritisaknatlak)

Слични содржини