Хрватскиот пејач и водител Саша Лозар јавно ѝ се извини на колешката Северина Вучковиќ за недоличното однесување на музичкиот натпревар „Дора“.
Имено, за време на настапот, Северина во раката држеше пластично јајце, кое Лозар го зеде и направи непристојна шега.
„Дали тоа е твое јајце, Северина? Од кралицата на кокошките? Чекај, имам уште едно јајце… не е толку големо, но ќе биде добро“, рече тој, ставајќи ја раката во џебот.
Таа на прес-конференцијата му го даде јајцето, а тој одговори со понавредлив коментар: „Мислам дека држењето на јајца тебе ти стои подобро отколку на мене“. Дали ќе можеш?“
Неговото однесување предизвика многу негативни реакции, а и самиот сфатил дека претерал и одлучи да се огласи на Инстаграм во врска со ова.
„Во животот има моменти кога некој ќе претера. Во вчерашното лудило и атмосфера ѝ кажав тотална глупост на Северина и тоа е нешто што никогаш не би го кажал. Севе, навистина ми е жал што те повредив тебе, твоите најблиски или било кој. Знаеш дека тоа не ми беше намерата. Жал ми е“, напиша Саша на Инстаграм.