Хрватски тренер на чекор од клупата на Рома

од Nikola Popovski
30 прегледи

Даниеле де Роси доби отказ по исклучително лошиот старт на сезоната во средата наутро, а како што објави познатиот инсајдер Фабрицио Романо, на негово место ќе дојде Иван Јуриќ.

Наводно, Јуриќ се согласил да соработува со Рома до крајот на сезоната, до 30 јуни 2025 година.

Договорот на двете страни им нуди и опција за продолжување на соработката за уште една сезона доколку Рома успее да се пласира во Лигата на шампионите следната сезона.

Хрватот тренерската кариера ја започна како асистент во Интер, а беше асистент и во Палермо.

Како независен тренер работи од 2014 година кога ја презеде Мантова. Оттогаш работеше во Кротоне, Џенова, Верона и Торино.

Слични содржини