Хрватскиот институт за јавно здравје потврди: Нема врска помеѓу „АстраЗенека“ и тромбозата

од Vladimir Zorba

Повикувајќи се на извештаите на комисијата на Европската агенција за лекови, од Хрватскиот институт за јавно здравје, беше објавено дека коагулацијата на крвта нема никаква врска со вакцината АстраЗенека.

Според извештајот на Комисијата за проценка на ризик од областа на фармаковигиланцијата при Европската агенција за лекови, не постои кауза-последична врска помеѓу употребата на „АстраЗенека“ и нарушувањата на коагулацијата, напротив, придобивките ги надминуваат ризиците и треба продолжи со нејзината примена, се вели во извештајот на Хрватскиот институт за здравје, а поврзано со појава на информации за случаи на згрутчување на крвта и суспензија на имунизацијата со „АстраЗенека“ во неколку земји-членки на ЕУ како претпазливост.

Слични содржини