Европската унија ја поддржува секоја меѓудржавна иницијатива која подразбира инклузија, но „Отворен Балкан“ ги нема оперативните можности како што ги има Берлинскиот процес, изјави шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман.
Хрватскиот министер во интервју за РТЦГ рече дека ставот на ЕУ и на Хрватска е да ја поддржат секоја иницијатива што е дел од евроатлантскиот пат и која подразбира вклучување на сите земји од регионот.
Радман додаде дека ако имате дуплирање на некои процеси, треба да видите фокус на иницијативи кои постигнуваат одредена додадена вредност.
„Кога зборуваме за Иницијативата за заеднички пазар, „Отворен Балкан“, која вклучува само три земји, тие треба да покажат инклузивност и остварување на некои интереси“, истакна то.