Неколку украински амбасади во странство добиле „крвави пакети“ со животински очи, соопшти денеска украинското министерство за надворешни работи, пренесува „Ројтерс“. Вчера беше објавено дека низа писма-бомби биле испратени на неколку места во Шпанија, меѓу кои и на украинската амбасада во Мадрид.
По тој повод се огласи хрватската полиција.
„Можеме да потврдиме дека одговорното лице од Амбасадата на Украина во Загреб ја известило полицијата дека утрово требало да подигне пратка/писмо од поштата. Но одбиле да ја примат пратката поради предупредувањето на украинското Министерство за надворешни работи дека други украински амбасади низ Европа добиле сомнителни пратки од адресата на тој испраќач.
Веднаш по сознанието, полицијата презела мерки и дејствија од нејзина надлежност, во координација со другите безбедносни служби и во контакт со Украинската амбасада.
Дипломатско-конзуларните претставништва на странски држави во Република Хрватска, како и Амбасадата на Украина, се објекти чија заштита се врши врз основа на сегашната Регулатива за назначување на заштитени лица, објекти и подрачја и спроведување на нивните заштита и осигурување, чии детали, од разбирливи причини, не се соопштуваат на јавноста.
Кривичната истрага продолжува, а пратката/писмото ја поседува полицијата и ќе се постапува со цел да се утврди нејзиното потекло и состав“, соопштија оттаму.