Ново партнерство на HTC и развивачот на прелистувачот Opera ветува поголема заштита на
личните податоци и безбедност на потрошувачите, кога сурфате на интернет во крипто-смартфонот
HTC Exodus 1, стана јасно на Светскиот мобилен конгрес (MWC 2019) во Барселона.

Од оваа недела, корисниците на Exodus 1 можат далечински да ги ажурираат уредите, за да се
поврзат со нови партнери и да имаат корист од новата децентрализирана мрежа. Моделот веќе
доби одобрување на крипто-заедницата како првиот блокчеин смартфон.
Неодамна се забележува тренд кон подобрување на заштитата на личните податоци и безбедноста
на работата, која е предизвикана од скептицизмот кон големите технолошки компании. Се смета
дека тие ги користат неправилно податоците на корисниците, но најсериозната загриженост е тоа
што не е јасно колку обезбедени се податоците.
„Exodus работи за иднината на податоците и создавање на вистинската архитектура за интернет,
која вклучува заштита и безбедност на личните податоци, како и пренесување на сопственоста на
податоците назад на човекот, кој ги генерира“, рече по тој повод Фил Чен, генерален директор по
централизација во HTC.
Децентрализирана мрежа ќе им овозможи на корисниците да ги заштитат и обезбедат своите
податоци преку транспарентни „peer-to-peer“ услуги, елиминирајќиго посредникот, кој претходно ги
искористуваше доверените за складирање информации.
Со уреди како Exodus 1 корисниците ќе можат да управуваат со својот сопствен профил и сите
други онлајн средства во различни платформи, откако ќе споделат одредени информации. Ова
децентрализирано движење драстично ќе го промени начинот на кој се обработуваат податоците,
тврдат од HTC.
Во исто време, бизнисот ќе развие нови бизнис модели кои не се потпираат на чување и
експлоатација на кориснички податоци. За да го поддржи движењето Интернет 3,0, екипата на
Exodus ќе ја сподели апликацијата Zion Key Management со избрани партнери со фокус на заштита
на личните податоци.
Opera, првиот пребарувач во светот, прилагоден за крипто-валути, веќе има корист од оваа
апликација. Како резултат, корисниците на Opera добиваат дополнителна заштита за своите криптосредства во Exodus 1 и можат да комуницираат, да вршат трансакции и да уживаат во различни
услуги директно преку лични клучеви зачувани во нивните уреди.
„Во моментов сме во зората на една нова интернет ера во која децентрализираните услуги ќе го
разнишаат естаблишментот. HTC и Opera презеле храбар чекор да бидат први кои ќе се залагаат и
да придонесат за оваа трансформација“, изјави Чарлс Хамел, кој е на чело на крипто-одделот на
Opera.
Според него, партнерството на Opera со тимот на Exodus поставува нов стандард за употребливост
и безбедност на крипто-валутите. Смартфонот Exodus 1 е поддржан од крипто-заедницата и може
да се купи со валутата Fiat за 699 долари во САД.