Хуавеи импресионираше во Барселона

од Vladimir Zorba
78 прегледи
Ако човек бара доказ за замаглување на границите помеѓу телефоните и таблети, доволно е да се погледне најновиот фаблет на компанијата Хуавеи претставен на СМК 2015. huawei-booth
Станува збор за моделот МедиаПад X2, кој се одликува со 7-инчен ултра ХД ИПС екран и со дебелина на куќиштето едвај 7.28 мм (за оваа дебелина, уредот има претензии да биде најтенкиот 7-инчен фаблет на пазарот), како и со 8-јадрен СоК чипсет, a според креаторите тој е првиот 64-битен фаблет со 4Г ЛTE поддршка и Дуал-СИМможности. Хуавеи МедиаПад X2 е опремени и со 13 MП основна и 5-мегапикселна предна камера, напојуван е со моќна 5.000 милиампер часови Ли-Полимер батерија (најголемата во индустријата).
Според официјалната информација, новиот уред ќе се нуди во стандардна верзија со 2Г РАМ + 16ГБ РОМ меморија, со сребрено титаниумско тело и во премиум верзија со 3ГБ РАМ и 32ГБ РОМ во златна и розева боја.
Прецизни информации за достапноста и цените ќе бидат обезбедени во подоцнежната фаза на релевантните пазари.