Кинеската компанија Хуавеи започна преговори со Русија за инсталирање на рускиот оперативен
систем „Аурора“ на 360.000 таблети за спроведување попис на населението во Русија следната
година.

Хуавеи почна да бара алтернативен оперативен систем за оперативниот систем на Гугл –
„Андроид“, откако Вашингтон и се закани на кинеската компанија дека ќе и го одземе пристапот до
клучните компоненти и технологии.
– Ова е пилот проект. Ние го гледаме како прво ниво за придвижување на рускиот оперативен
систем на апаратите на Хуавеи, изјави извор од компанијата.
Друг извор нагласи дека Хуавеи е заинтересиран за проект со Русија, а на руската страна и се
покажани таблети кои би можеле да се користат.