Иако Huawei Mate 20 и Mate 20 Pro ќе имаат различен дизајн, особено кај задните панели, нивните заеднички карактеристики се доста. И ако новиот додаток е индикатор за ова, двaта предводници ќе поддржуваат исклучително брзо безжично полнење.

Се чини дека Huawei развива нов безжичен полнач со број на модел LZ80. Како дизајн, изгледа како останатите додатоци на пазарот и ќе поддржува популарниот Qi стандард. За разлика од своите конкуренти, сепак, LZ80 ќе понуди максимално полнење од 20W.
Ако тоа е вистина, Huawei може да ја подигне границата на она што се очекува од безжичното полнење. Во моментов, Galaxy S9 поддржува само 9W безжично полнење.
Полнеж со моќност 20W ќе биде значително подобрување во однос на сегашните опции, иако Qi стандардот технички не може да поддржува таква вредност – таванот му е 15W. Поради тоа Huawei најверојатно ќе развие свој чип кој ќе ја зголеми брзината на безжичното полнење кога се користи заедно со серијата Huawei Mate 20. Благодарение на општиот Qi стандард, други смартфони исто така ќе можат да го користат полначот, иако со помала брзина.
Очекуваме додатокот да се продава заедно со Huawei Mate 20 и Mate 20 Pro, кои ќе бидат промовирани во октомври.