Ден пред официјалната премиера на новата серија Mate 20 во Лондон, се појави интересна слика на Интернет. Таа покажува дека еден од моделите може да биде опремен со игла.

Фотографијата е направена во фирмена продавница на кинеската компанија и покажува витрина со вкупно три различни варијанти на Mate 20. Интересен модел во случајот е оној десно, кој е поголем од останатите два, а најинтересно е присуството на игла.
Во моментов не е јасно која точно варијанта на смартфонот ќе располага со додатокот, но не е исклучено тоа да е ориентираниот кон гејмерите модел Mate 20X.
Засега за овој модел се знае релативно малку, а познатите факти се дека тој ќе го нуди истиот хардвер како останатите два модела, кој ќе вклучува процесор Kirin 980 и AMOLED дисплеј, но ќе биде опремен со поголема батерија и подобрено ладење, што ќе овозможува подолга континуирана игра.