Huawei подготвува премиера на неколку атрактивни паметни телефони кои ќе ги видиме до крајот на 2018 година. Долгоочекуваните модели на серијата Mate 20 беа предмет на многу шпекулации на Интернет во последниве недели. Податоците откриваат некои од техничките спецификации на уредите, кои ќе бидат официјално презентирани на 16 октомври во Лондон. Кинескиот производител ќе го искористи посебниот настан, за да ги покаже трите претставници на серијата: Mate 20, Mate 20 Pro и Мate 20 Lite.

Нова информација на АndroidCommunity открива дека Huawei Mate 20 Pro ќе биде опремен со екран кој поддржува QHD + резолуција и тоа ќе биде една од најинтересните карактеристики. Паралелно со тоа се очекува Huawei Mate 20 да има eкран со Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели. Холандското онлајн издание MobielKopen откри во кодот на веб сајтот на Huawei докази дека Mate 20 Рro ќе може да репродуцира содржина со 3120х1440 пиксели.

На интернет се појави нова слика која покажува дека Huawei Mate 20 Pro ќе има тројна задна камера која заедно со LED блиц е сместена во квадратна форма. Точно под логото на Leica е сензорот за отпечатоци. Самиот дисплеј се очекува да биде со големина 6,9 инчи.
Huawei Mate 20 пак, ќе има 6.3-инчен екран, Kirin 980 процесор, 128GB меморија и 4200mAh батерија. Многу е веројатно смартфоните да работат под Android Pie, што ќе ги направи уште попривлечни за корисниците.