Huawei очекува намалување на приходите и пад на продажбата на смартфони

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Основачот на кинеската технолошка компанија Huawei, Рен Женгфеи ја намали прогнозата за нејзините приходи за една шестина за 2019 година Производството исто така ќе се намали, откако групата се обидува да се справи со последиците од одлуката на САД да им забрани на клучни добавувачи да ја Huawei снабдуваат со делови.

Тоа го пренесе „Financial Times“ по извештајот на „Bloomberg“, според кој компанијата се подготвува за пад на меѓународните испораки на паметни телефони меѓу 40 и 60%. Една од опциите да се справи со ова е да го повлече својот последен модел Honor 20 од странските пазари, под услов дека продажбите се слаби.

Лоши вести

Рен Женгфеи ја спореди компанија со тешко оштетен авион и соопшти дека во наредните две години приходите ќе бидат за 30 милијарди долари помалку од првично очекуваното, пишува „AP“. Кинескиот телекомуникациски гигант ќе го намали капацитетот, но обидите на САД да ги ограничат нашите активности нема да не запрат, забележува Женгфеи на средба во седиштето на компанијата.

Нова лоша вест за компанијата е дека 5G телефонот со екран на преклоп, Mate X на Huawei ќе биде пуштен на пазарот три месеци подоцна од очекуваното, соопштуваат од компанијата. Конкурентниот модел на Samsung Galaxy Fold требаше да излезе на пазарите во јуни, но сега дебите е одложено за септември, пишува „Ројтерс“.

Двете непријатни за компанијата вести доаѓаат откако САД одлучија да ја додадат кинеската компанија во својата црналиста, а Google забрани употребата на оперативниот систем Android во новите нејзини уреди.

Сепак, шефот на корпоративните комуникации на Huawei, Винсент Панг, негира дека доцнењето се должи на забраната. Тој објаснува дека компанијата во моментов врши сертификациски тестови за разни продавачи, кои се очекува да бидат завршени во август.



Шанса за новиот оперативен систем

Вториот по големина производител на паметни телефони ја разгледува можноста со 9 месеци да го пушти својот оперативен систем Hongmeng, кој веќе е тестиран.

„Се разбира дека ги претпочитаме Google и Android, бидејќи сме долгогодишни партнери. Но ако околностите не принудат, ќе го пуштиме Hongmeng за 6 до 9 месеци“, коментира Панг за „Ројтерс“, кој е и потпретседател на компанијата.

Hongmeng е базиран на верзијата на Android, која е јавно достапна. Таа ќе се најде во срцето на паметните телефони на компанијата, а подоцна можно е да функционира и на други уреди.

Во исто време, основачот на Huawei рече дека ограничувањата „може само да го забават растот на компанијата“. Минатата недела, сепак глобалниот снабдувач на чипови „Broadcom“ ја изненади индустријата со прогнозата дека тензиите меѓу САД и Кина и забраната на Huawei ќе ги намалат продажбите накомпанијата за 2 милијарди долари оваа година.

„Google“, во сопственост на „Alphabet“, претходно изјави дека нема да го обезбеди Android софтверот за Huawei телефони. Затоа кинескиот телекомуникациски производител сега се фокусира на градење на сопствен оперативен систем. Претходно овој месец, компанијата поднесе барање за трговскиот бренд Hongmeng во неколку различни земји. На овој начин може да се обезбеди влез на клучните пазари.