Huawei P30 и Huawei P30 Pro „разграбан“ за 10 секунди во Кина

од Vlatko K
145 прегледи

Huawei ги стартуваше преднарачките на Huawei P30 и Huawei P30 Pro во својата татковина на 12
април, а првата група од нив беше „разграбана“ за само 10 секунди. Компанијата објави дека
собрала 200 милиони јуани од продажбите, што значи дека се продале помеѓу 30.000 и 50.000
единици според моделот и конфигурацијата на меморијата.


Во Кина, цената на Huawei P30 започнува од 3.988 јуани за основната верзија со 8 GB RAM и 64 GB
складирање.

За возврат, Huawei P30 Pro чини помеѓу 5.488 и 6.788 јуани. Продажбите се преку сопствената
онлајн продавница на Huawei, а првите 3.000 корисници добија бонус од фото статив.
Според кинеските онлајн продавници, интересот за двата модели на Huawei P30 е без преседан.
Откако беа објавени на 27 март, повеќе од 3,2 милиони луѓе ги барале уреди во Интернет, од кои 60
отсто се жени.