Новата серија смартфони од висока класа на компанијата ќе бидат официјално претставени на 26
март. Палетата ќе вклучува три различни уреди, а „евтиниот“ модел логично ќе се вика Huwei P30
Lite. На интернет сега истече информација која открива повеќе детали за цената нa смартфонот.
Излезе дека основната верзија ќе може да се купи за 369 евра. Ова е истата вредност, со која
дебитираше P20 Lite.

Новиот модел, сепак ќе има вградена меморија од 128GB, што е два пати повеќе во однос на
можностите на претходниот модел. Последните податоци на „GizChina“ исто така потврдуваат дека
Huawei P30 Lite ќе има тројна задна камера. Тоа е прилично интересна иновација за овој сегмент и
ќе го позиционира смартфонот како еден од најдобрите предлози во нискиот ценовен сегмент.
Смартфонот ќе работи со Android Pie.
Другите карактеристики на Huawei P30 Lite вклучуваат 6.15-инчен „Dewdrop“ дисплеј со Full HD +
резолуција и 3240mAh батерија. Се очекува смартфонот да работи со Kirin 710 процесор и да има
4GB RAM меморија. Сепак, големото прашање поврзано со овој модел е каква резолуција ќе
поддржуваат неговите камери. Многу наскоро ќе дознаеме повеќе за европската премиера, која
најверојатно ќе стане факт пред крајот на април.