Кинескиот гигант Huawei планира да направи удар на телевизискиот пазар. Вториот по големина производител на паметни телефони подготвува телевизор со 8K и вграден 5G модем, според извори од азиската индустрија.

Мотивиран од новата амбициозна цел, Huawei веќе формира тим на специјалисти кои го развиваат хардверот и корисничкиот интерфејс на идните кинески брендови.
Покрај тоа, ТВ одделот на Huawei регрутира повеќе специјалисти и одржува контакти со најголемите провајдери на телевизиски панели. За разлика од Xiaomi, кој влезе на пазарот со подостапни модели, Huawei ќе се фокусира на премиум моделите.
Се зборува за екрани со 8K резолуција (7680×4320 пиксели) опремени со 5G комуникациски модули, предвид очекуваната имплементација на мрежите од петтата генерација во наредните години.
Познато е дека Huawei поседува голем број на 5G патенти. Компанијата ветува ниски трошоци за лиценцирање за својата 5G технологија. Таа е и водечки производител на телекомуникациска опрема во светот.
Минатата недела се појавија информации дека уште две од најголемите кинески компании во смартфон сегментот – Oppo и Vivo – ќе влезат на пазарот за телевизори, следејќи го примерот на сонародниците од Xiaomi.