Хулигани-провокатори се појавија пред Собранието, жени застанаа како жив штит меѓу нив и полицијата

од desk3
111 прегледи

Дел од луѓе, кои подоцна вечерва маскирани се појавија меѓу демонстрантите кои протестираат пред Собранието против полициска бруталност, со шишиња почнаа гаѓаат кон зградата на Собрание. На главите носат маици или превези .

Во моментов жени демонстрантки се поставија како жив штити меѓу нив и полицајците, за да спрелат ескалација на настаните. Маскираните се дрски и ги навредуваат и полицајците и новинарите.

Најголем дел од граѓаните на нив гледаат на провокатори и повикуваат да не се употребува сила против полицијата.

Претходно демонстрантите упатија неколку јајца кон зградата на Собрание, а фрлија и запален факел, по што полицискиот кордон ги зби своите редови.